| четврток, 6 декември 2018 |

Сексуалнопренослива болест сее страв во Македонија

болест

Сексуалнопреносливата болест кламидија прави проблеми во Македонија. Најмногу последниов период е застапена во Штип, пишува Нова Македонија.

Кламидија  е  болест од која за една година се регистрирани 270 заразени жени, или по 57 на секои 10.000 жители, што оваа болест ја прави најчеста пренослива зараза во oпштината.

– Бројот на заболени секоја година е најмалку за 50 проценти поголем зашто пренесувањето е лесно. Иако станува збор за болест со сериозни последици, знаци што ќе предупредат за нејзиното присуство речиси и нема: болеста нема симптоми, се открива со преглед, а ако не се лекува, може да премине во хронично заболување и да предизвика стерилитет – појасни прим. д-р Велик Грков, директор на Центарот за јавно здравје – Штип, а пренесе „Нова Македонија“.

Лекарите советуваат редовна посета на гинеколог и внимавање на хигиената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top