| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарска судијка проневерувала пари од Македонија Табак?

rumjana cenalova

Наскоро ќе заврши македонската истрага за бугарската судијка Румјана Ченалова, за која постојат сомневања дека учествувала во проневера на 2,5 милиони долари, пари што од сметката на Македонија табак 2000 биле префрлени на сметки на кипарска и швајцарска фирма, јави Канал 5.

Телевизијата, повикувајќи се на изјава на главниот државен обвинител Марко Зврлевски, истрагата ќе заврши наскоро, по што ќе се знае дали ќе биде поднесено обвинение против бугарската судија или ќе биде отфрлена пријавата против неа.

Истрагата за Ченалова трае повеќе од 5 години, а поради тајноста не открива детали за случајот. Со истрагата се опфатени и неколку македонски државјани. Според информациите на телевизијата Канал 5, Ченалова била управител на македонска фирма преку која се префрлени 2 и пол милиони долари на Кипар за наплата на непостоечки долг на Македонија табак 2000.

Ченалова во 2004 година била адвокат и управител на македонска фирма, а истрагата проверува зошто голем дел од парите на Македонија табак 2000 бил префрлен со нејзин потпис.

Истрагата за Ченалова била отворена додека таа сè уште работела како адвокат и не била избрана за судијка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top