Албанците што војуваат со другите странски борици од групата Исламска држава се користат како жив штит, тврди албанскиот весник „Шкип“.
Според весникот, албанските џихадисти се во првите борбени редови на нападот и често се користат за самоубиствени напади, додека локалните борци како Сиријци и Ирачани се вклучуваат во подоцнежните фази, кога регионот е исчистен и добиваат организациски задачи.
Весникот „Шкип“ пишува дека ваквите тврдења се собрани од неодамнешни извештаи на тајни служби и светски медиуми. Весникот тврди дека, според властите, околу 240 албански борци се наоѓаат во Сирија и во Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.