На вчерашната трибина на Граѓанското движење за одбрана на Македонија која се одржа во Гостивар, универзитетскиот професор Александар Климовски во своето обраќање истакна дека „претседателот на СДСМ Зоран Заев и опозицијата прават кривично дело и бараат политичка разрешница, но тоа“, како што рече, „не е можно“.
– Изнесувањето на информации прибавени на недозоволен начин е кривично дело, а тие бараат политичка разрешница. До неа не може да дојде ако нема правна разрешница. Затоа Јавното обвинитество треба решителни да преземе мерки кои низ јавнообвинителска процедура ќе го доведе случајот пред суд каде што ќе ја дознаме вистината, а не на пресовите на Зоран Заев, рече Климовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.