Во Културниот центар Феникс – Скопје, се одржа „Алерт арт“ изложба на авторките Евица Камберова – Стојаноска и Маргарита Иванова.
Всушност, станува збор за нови креации и уметност на старите работи, односно за креирање преку рециклирање. Поконкретно, алерт арт е уметност преку која од стари, неупотребувани, обични работи – се создава нешто ново.
Фокусот на уметничкото изразување е преку изработка на декоративни предмети со различни техники – декупаж, сликање, боење, филигран од хартија, лепење, украсување…
Авторките велат дека се радуваат кога ќе најдат нешто старо, фрлено, неупотребувано, заборавено и кога ќе му дадат нов живот.
Во секој случај, тоа се предмети кои се привлечни и полезни – за себе, или пак за некој посебен во вашиот живот, зашто претставуваат оригинални и уникатни подароци…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.