Во ексползија во рудникот за јаглен Засјадико во Донецк во источна Украина загинаа 32 рудари, соопшти претседателот на украинскиот парламент Володимир Гројсман.
Британскиот „Би-би-си“ повикувајќи се на локални извори вели дека судбината на повеќе од 70 рудари кои останале заробени во јамата, е уште неизвесна.
Еден неименуван извор од синдикатот на рударите изјави дека во рудникот експлодирал метан. Во моментот на ексползијата во рудникот имало 230 луѓе, а до 9 часот по локално време извлечени се 157 лица.
Поради природно високата концентрација на метан Засјадико има шест хоризонти од кои најнискиот е на длабочина од 1.200 метри и важи за еден од најопасните рудници во светот.
Во овој рудник за јаглен од 1999 до 2007 година се случија седум несреќи, а најголемата беше на 18. ноември кога загинаа 101 работник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Меѓу првите жртви, мајка и бебе: Ураганот Флоренс сруши дрво врз нивната куќа
-
СДСМ од Иловица и Штука со директни пораки кон Заев: Премиерот да се изјасни дали ќе го сопре рудникот или не!
-
Се урна мост во индискиот град Калкута