| четврток, 6 декември 2018 |

Групна изложба на 20 авторки на теми поврзани со правата на жените во КИЦ

Во Културно-информативниот центар – Скопје, во Изложбен салон – Империјал 1, в петок (6 март) со почеток во 19 часот ќе се отвори групната изложба “Неискажаните приказни на суперхероите 2“.

На изложбата ке земат учество 20 авторки со по едно дело (20 дела) – 20 ликовни приказни за (не) промените на критичните теми поврзани со правата на жените – 20 години после 4-та УН конференција за жените, во Пекинг, Кина, 1995 година.

 Со свои дела ќе учествувааат:  Дијана Богдановска,  Кристина Божурска, Инес Ефремова, Зорица Зафировска, Христина Зафировска, Ана Ивановска, Алма Идризи, Петра Јовановска, Маја Кировска, Шќипе Мехмети, Јасминка Новковска, Ирена Паскали, Лидија Петковска, Александра Петрушевска, Маријета Сидовски, Марија Сотировска Богдановска, Дијана Томиќ Радевска, Мирослава Микица Трујкановиќ, Вана Урошевиќ, Христина Хаџиева.

Изложбата ќе биде отворена до 13 март.

    

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top