Граѓанското движење за одбрана на Македонија вечерва одржува трибина во Гостивар. На оваа тема во вестите на „Канал 5“ гостуваше Бранислав Димитров.
На прашањето зошто Гостивар е одбран како продолжение на серијата на трибини низ Македонија, Димитров вели дека Гостивар е еден од многуте градови каде што ќе одат и ќе ја отвораат темата Македонија.
-Овде не се работи за политика, ние ги повикуваме сите други граѓани. Нашата цел е да се одбранат основните базични принципи на една држава кои што се секогаш исти, универзални, без разлика на политичките разлики. Ова го разбираме како еден дијалог и комуникација. Македонците се древни души, македонскиот народ има вековна меморија и поминувал низ вековите, низ страшни премрежја. Овие трибини имаат цел тој оган на непокор да го разгорат– изјави Димитров.
Целиот разговор погледнете го во видеото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


