| четврток, 6 декември 2018 |

Димитров: Трибините на ГДОМ имаат цел да го разгорат огнот на непокор кај Македонците (видео)

gdom_thumb_medium500_333

Граѓанското движење за одбрана на Македонија вечерва одржува трибина во Гостивар.  На оваа тема во вестите на „Канал 5“ гостуваше Бранислав Димитров.

На прашањето зошто Гостивар е одбран како продолжение на серијата на трибини низ Македонија, Димитров вели дека Гостивар е еден од многуте градови каде што ќе одат и ќе ја отвораат темата Македонија.

-Овде не се работи за политика, ние ги повикуваме сите други граѓани. Нашата цел е да се одбранат основните базични принципи на една држава кои што се секогаш исти, универзални, без разлика на политичките разлики. Ова го разбираме како еден дијалог и комуникација. Македонците се древни души, македонскиот народ има вековна меморија и поминувал низ вековите, низ страшни премрежја. Овие трибини имаат цел тој оган на непокор да го разгорат– изјави Димитров.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top