| четврток, 6 декември 2018 |

Алан Ширер ќе добие статуа пред „Сент Џејмс парк“

Еден од најдобрите играчи во историјата на Њукасл, прославениот англиски ас Алан Ширер, ќе добие бронзена статуа пред домот на клубот – стадионот „Сент Џејмс парк“.
Градот даде дозвола за поставување статуа пред стадионот, а поранешниот претседател на клубот Фреди Шеперд со задоволство го соопшти тоа.

– Ширер многу го задолжи нашиот град и ова е најмалку што можеме да сториме за него. Добро е што нашата иницијатива ја препознаа градските власти и го одобрија поставувањето на статуата. Не се знае точната локација, но секако ќе биде во близината на стадионот. Таа најпрвин ќе биде изработена од бронза, па потоа ќе го одредиме местото – изјави Шеперд.

Алан Ширер премина во редовите на Њукасл во 1996 година за рекорден светски трансфер од 15 милиони фунти, a постигна 206 гола за „црно-белитe“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top