| четврток, 6 декември 2018 |

Поевтинува пазарењето со кредитни картички

картицки

Преку дополнување на Законот за платен промет на кој работи владата, ќе се намали провизијата при реализација на трансакциите за плаќање со платежни картички преку ПОС терминалите на продажните места или преку електронската продавница. Со тоа се очекува да паднат цените на производите  во кои трговците го внесуваат тој трошок, пишува „Вечер“.

Оваа провизија што ја наплатуваат банките во интернет-трговијата изнесува од 2 до 2,5 проценти, а во продавнците и повеќе, со исклучок на трговците кои со банките имаат договор да не им се наплаќа тој процент. Иако провизијата е на сметка на трговците, на крај ја плаќаат купувачите затоа што се пресметува во цените на прозводите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top