| четврток, 6 декември 2018 |

Во оваа држава веќе нема да се плаќа со пари, само со картички

Шведска е прва држава во светот по тоа што сè повеќе ја исфрла готовината од употреба. 

Студијата направена од Државниот институт за технологија КТХ, во соработка со Државниот економски факултет, покажа дека во 2023 година Шведска ќе биде општество без готовина.

Според истражувањето, за пет години продавниците во Шведска веројатно нема да сакаат ниту да прифатат готовина.

Двајца водечки истражувачи тврдат дека Шведска ќе стане првото општество без готовина во светот на 24 март 2023 година.

– Во моментов, 97 отсто од продавачите прифаќаат готовина, но само 18 отсто од плаќањата се прават во готово, така што потрошувачите се движечка сила, вели Никлас Арвидсон.

Инаку, Шведска беше првата европска земја која почна да печати банкноти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top