| четврток, 6 декември 2018 |

Милионери за два месеца: Форензика сотре Македонци во измамничка шема со картички

Секторот за Компјутерски Криминал и Дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Б.З. (37) и В.З. (46) поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo изработка и употреба на лажна платежна картичка.

Пријавените во периодот од  март до јуни 2015 година, со фалсификување платежни картички на странски државјани направиле повеќе од 1.000 фиктивни резервации на нивната фирма.

Пријавените  преку интернет набавиле банкарски податоци од вистински платежни картички, односно од носителите на странски платежни картички, со кои извршилe повеќе успешни нелегални трансакции на ПОС Терминал во правно лице во период од март до мај 2015 година, односно преку нивната интернет страна правеле резервации за фиктивни аражмани, внесувајќи податоци од платежни картички кои биле претходно фалсификувани и злоупотребени.

На овој начин двајцата пријавени се стекнале со противправна имотна корист од 4.696.167.00 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top