| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на романот „Калдрма“ од Слаѓана Ставрева

kaldrma-slagjana_stavreva

В среда, 4 март во 19 часот во гостилницата Чардак во Дебар маало во Скопје ќе се одржи промоција на романот „Калдрма“ од авторот Слаѓана Ставрева.

„Калдрма“ е животна сторија на две чорбаџиски семејства од западна Македонија, следена низ повеќе генерации. Во романот доминира љубовта помеѓу Трпана и Никола околу кои се вртат сите останати ликови со кои овој роман изобилува. Главна категорија ликови се претставниците на иста социјална категорија, поточно на богати граѓански семејства чии начини на живот многу малку се разликува од животот на истата категорија во поголемите европски градови.

Народните адети, обичаите, верувањата и мудростите претставуваат вистински подарок даден од срце, кој авторот Ставрева со својата „Калдрма“ го остава за наредните поколенија. Нарацијата низ романот е топла, емотивна, но и со леснотија го држи вниманието на читателот.

Делото изобилува со многу историски факти и силен патриотизам за се што значи татковина, нашата Македонија.

Авторот Слаѓана Ставрева е родена во Скопје. Потекнува од интелектуално граѓанско семејство и е особено горда на своите корени. Таа е сопруга и мајка на две возрасни деца. Целиот свој работен век го поминала работејќи со бројки и цифри кои никогаш не ја привлекувале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top