| четврток, 6 декември 2018 |

Буено отвори покер за 15 минути

Напаѓачот на Рајо Валјекано, Алберто Буено постигна 4 погодоци за само 15 минути со што го предводеше својот тим до победа од 4-2 против Леванте, во меч од 25. коло во шпанското првенство. Фестивалот од голови што заврши со покер, Буено го почна во 23. минута, а го комплетираше во 38. минута од првото полувреме. Интересно гостите од Валенсија поведоа со погодокот на Касадеус по 13 минути игра, но Буено сам креираше голем пресврт за триумф на Рајо Валјекано.

Rayo Vallecano de Madrid v Elche FC - La Liga

Претходно Барселона со головите на Ракитиќ, Суарез и Меси со 3-1 ја победи Гранада на гости.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top