Во креираниот материјал кој го објави Зоран Заев на денешната прес-конференција само се потврдува сомнежот дека опозицијата потплатувала судии за своја лична корист и цели.
Токму во еден од разговорите кои беа денеска објавени, помеѓу министерот Миле Јанакиески и премиерот Никола Груевски, јасно се слуша како премиерот изразува сомнеж за потплатување на споменатата судијка Кацарска која се појавува на градилиштето и побарала да влезе таму и да достави документи.
Груевски му вели на министерот дека најверојатно таму потплатиле.
СДСМ во 1996 година избра свои 600 судии. Ги вработи на партиска основа и кои опозицијата ги користи за лични интереси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.