Мадона е обвинета за сериозен медиумски трик. Причината е нејзиниот пад на сцената на Британските музички награди. Како што е познато, Мадона падна во текот на шоуто, но на крајот стана на нозе и брзо продолжи со изведбата.
Но, многумина сметаа дека тоа е само беден трик од страна на пејачката, која само сакала да привлече внимание.
Нејзините обожаватели потсетија дека е познато дека Мадона сака да прави ексцеси на сцената за да може да го крене својот рејтинг. Се смета дека токму поради тоа и овој пат пејачката се жртвувала со падот на сцената на музичките награди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.