| четврток, 6 декември 2018 |

Шарапова го врти светот на рекламите, Меjведер танцува за 105 милиони долари во рингот

По­пу­лар­ни­от Уба­вец од САД, Меј­ве­дер е нај­бо­гат со не­ве­ро­јат­ни 105 ми­ли­о­ни до­ла­ри за­ра­бо­тка во 2015 го­ди­на, Ле­брон Џејмс е во­деч­ки спо­ред при­хо­ди од рек­лам­ни­те до­го­во­ри на го­диш­но ни­во со ин­ка­си­ра­ни 56 ми­ли­о­ни до­ла­ри, а Ша­ра­по­ва е број еден кај да­ми­те на топ 100 ли­ста­та со нај­бо­га­ти свет­ски ѕвез­ди. На неа не­ма ма­ке­дон­ски спор­ти­сти, а за нај­до­бри­те од ка­ли­ба­рот на Пан­дев, Ан­тиќ и на Ла­за­ров, оста­ну­ва са­мо го­диш­на­та пла­та од клу­бот би­деј­ќи од спон­зор­ски до­го­во­ри за­ра­бо­ту­ва­ат мно­гу мал­ку, или во­оп­што и ги не­ма­ат

Огром­ни­те при­хо­ди на го­ле­ми­те спорт­ски ѕвез­ди одам­на се ме­рат со де­се­ти­ци, па и сто­ти­ци ми­ли­о­ни евра, а ме­ѓу нај­бо­га­ти­те 100 на све­тот не­ма ма­ке­дон­ски ѕвез­ди. Ги има­ме Го­ран Пан­дев и Пе­ро Ан­тиќ, кои се ми­ли­о­не­ри, ако се сме­таа вкуп­ни­те при­хо­ди во ед­на го­ди­на, ту­ка не­ка­де е и Ки­рил Ла­за­ров, ра­ко­ме­та­рот на Бар­се­ло­на, но ин­те­рес­но е што кај на­ше­то нај­поз­на­то трио во све­тот на спор­тот, тен­ки се при­хо­ди­те од спон­зо­ри. Сѐ што за­ра­бо­ту­ва­ат е на те­ре­нот, спо­ред до­го­во­ри­те со Га­ла­та­са­рај, Ат­лан­та хо­укс и Бар­се­ло­на.

Нај­бо­гат спор­тист на све­тот, спо­ред ли­ста­та на поз­на­ти­от ма­га­зин „Форбс“, е бо­ксе­рот Флојд Меј­ве­дер со фан­та­стич­ни 105 ми­ли­о­ни до­ла­ри за­ра­бо­тка во 2014 го­ди­на и тоа са­мо од бо­ксер­ски­те ме­че­ви, без ни­ту еден цент од рек­ла­ми­ра­ње про­из­во­ди на моќ­ни­те свет­ски ком­па­нии. По­пу­лар­ни­от Уба­вец дол­го е на вр­вот на ли­ста­та со најп­ла­те­ни ат­ле­ти, а ако се ос­тва­ри дол­го­на­ја­ву­ва­ни­от спе­ктакл и меч со Ма­ну Пак­јао, кој, спо­ред си­те па­ра­ме­три, ќе те­жи це­ли 300 ми­ли­о­ни до­ла­ри, на Меј­ве­дер и не му тре­ба­ат рек­лам­ни кам­па­њи, ни­ту до­пол­ни­тел­ни при­хо­ди од спон­зо­ри за да го за­др­жи вр­вот.

 

Ну­ла ефект од спон­зор­ски до­го­во­ри кај ма­ке­дон­ски­те спор­ти­сти

sport129-Antic-Atlanta-HawksМа­ке­дон­ски­те спор­ти­сти, спо­ред тоа што е акту­ел­но во мо­мен­тов, не се прив­леч­ни за да го по­пол­нат рек­лам­ни­от про­стор на нај­моќ­ни­те до­маш­ни ком­па­нии и ре­тко или во­оп­што не ги гле­да­ме ка­ко мо­де­ли што ги рек­ла­ми­ра­ат ус­пеш­ни­те про­из­во­ди на ма­ке­дон­ски­те фир­ми и реномираните странски претставништва. И тој чу­ден тренд трае со го­ди­ни, ве­ро­јат­но најм­но­гу по­ра­ди со­стој­ба­та во ко­ја се на­о­ѓа ма­ке­дон­ски­от спорт, пред сѐ клуп­ски­от. Освен во ра­ко­ме­тот, ка­де што две­те еки­пи на Вар­дар, ма­шка­та и жен­ска­та, и ма­шки­от по­гон на Ме­та­лург се на­вик­наа на на­ста­пи во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те, во дру­ги­те спор­то­ви не сме при­сут­ни на ме­ѓу­на­род­на сце­на.

sport129-pandev-galatasarayИмав­ме ус­пе­си во ко­шар­ка­та и во ра­ко­ме­тот на ре­пре­зен­та­ти­вен план и са­мо во кус пер­и­од на­ши­те нај­до­бри спор­ти­сти имаа не­ка­ква при­до­би­вка од спон­зо­ри­те. Ан­тиќ, Или­ев­ски, Ме­кеј­леб и дру­ги­те ко­шар­кар­ски ју­на­ци од Ли­тва­ни­ја во 2011 го­ди­на, ко­га го осво­ив­ме че­твр­то­то ме­сто на ЕП, беа ме­ѓу нај­а­тра­ктив­ни­те за спон­зо­ри­те, за нај­го­ле­ми­те ком­па­нии кај нас. Но се­то тоа бе­ше со кус здив, иск­лу­чок што го по­твр­ду­ва пра­ви­ло­то де­ка ги не­ма спор­ти­сти­те на „ме­ни­то“ на моќ­ни­те фир­ми кај нас за да ги рек­ла­ми­ра­ат нив­ни­те про­из­во­ди. За не­ка­ков дол­го­ро­чен и бо­гат до­го­вор, што е пра­кти­ка во раз­ви­е­ни­те зем­ји, осо­бе­но во врв­ни­те спорт­ски ли­ги и нат­пре­ва­ру­ва­ња, во­оп­што и не ста­ну­ва збор.

sport129-Kiril-Lazarov-BarcelonaА ус­пе­си­те на Пе­ро Ан­тиќ, кој игра за Ат­лан­та хо­укс, во­деч­ка еки­па во Источ­на­та кон­фе­рен­ци­ја во су­пе­ра­тра­ктив­на­та НБА-ли­га, на Го­ран Пан­дев, кој бе­ше европ­ски и свет­ски пр­вак со Ин­тер, и на Ки­рил Ла­за­ров, кој е во­деч­ки стре­лец во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те, го­во­рат са­ми за се­бе. Зас­лу­жу­ва­ат по­чит, но не до­би­ва­ат ни­ту де­нар од спон­зо­ри и во­оп­што ги не­ма ка­ко глав­ни ли­ко­ви во рек­лам­ни кам­па­њи.

 

Кра­лот Џејмс и кра­ли­ца­та Ма­ша

sport129-Lebron-James

Ле­брон Џејмс има пре­кар Кра­лот, се­ка­ко на ко­шар­ка­та, но игра­чот на Клив­ленд ка­ва­лирс во НБА-ли­га­та е и крал по за­ра­бо­тка­та од рек­лам­ни до­го­во­ри со не­ве­ро­јат­ни 56 ми­ли­о­ни до­ла­ри ин­ка­си­ра­ни ла­ни. Тоа е три­па­ти по­ве­ќе од го­диш­на­та пла­та што ја до­би­ва во Клив­ленд и из­не­су­ва 19,3 ми­ли­о­ни до­ла­ри. Зад не­го по­кус за еден ми­ли­он до­ла­ри е гол­фе­рот Тај­гер Вудс.

sport129-roger-federer-nike

До­ми­ни­ра­ат те­ни­се­ри­те, пред­во­де­ни од го­ле­ми­от ас Ро­џер Фе­де­рер, кој е на сед­ма­та по­зи­ци­ја со вкуп­на за­ра­бо­тка од 56,2 ми­ли­о­ни до­ла­ри, од нив ду­ри 52 на име спон­зор­ски и рек­лам­ни до­го­во­ри. На дол­га­та ли­ста фир­ми на кои за­штит­но ли­це е по­пу­лар­ни­от Фед-екс­прес се моќ­ни­те „Ро­лекс“, „Најк“, „Кре­дит Свис“ и уште ду­зи­на моќ­ни ком­па­нии.

sport129-Maria-Sharapova

Из­не­на­ду­вач­ка е ап­со­лут­на­та до­ми­на­ци­ја на ма­шки­от пол, а пр­ва­та да­ма на топ 100 ли­ста­та на „Форбс“ е Ма­ри­ја Ша­ра­по­ва, ду­ри на 34. по­зи­ци­ја. По­пу­лар­на­та Ма­ша ла­ни по­ве­ќе рек­ла­ми­ра­ше, откол­ку што игра­ше на те­ни­ски­те тур­ни­ри и за­ра­бо­ти 10 па­ти по­ве­ќе од за­га­ран­ти­ра­ни­те до­го­во­ри со „Таг хо­ер“, „Ленд ро­вер“, „Пор­ше“, „Најк“, „Ти­фа­ни“ и мно­гу дру­ги свет­ски ре­но­ми­ра­ни фир­ми. Од на­ста­пи­те на ВТА-тур­ни­ри­те на кон­то­то на ру­ска­та уба­ви­ца се сле­а­ја 2,4 ми­ли­о­ни до­ла­ри и ду­ри 22 од рек­лам­ни­те до­го­во­ри. Зад неа ка­ко вто­ра да­ма-маг­нет за спон­зо­ри­те е неј­зи­на­та ри­вал­ка на те­ни­ски­те те­ре­ни Ли На со за­ра­бо­тка од 23,6 ми­ли­о­ни до­ла­ри, це­ли 18 од нив од спон­зо­ри. И тоа е раз­бир­ли­во со ог­лед на огром­ни­от ки­не­ски па­зар, кој е во стра­шен по­дем, а Ли е ви­стин­ска спорт­ска мар­ка на најм­но­гу­број­на­та зем­ја на све­тот. Ма­ке­до­ни­ја е ма­ла во спо­ред­ба со Ки­на и има свои ѕвез­ди, што не до­би­ва­ат ни­ту тро­шка за рек­ла­ми. Ја има­ме На­та­ша Или­ев­ска, европ­ска­та шам­пи­он­ка од 2011 го­ди­на во ка­ра­те, фуд­ба­лер­ка­та На­та­ша Ан­до­но­ва, ко­ја со ус­пех на­ста­пу­ва во Пост­дам во сил­на­та Бун­дес­ли­га, та­лен­ти­ра­на­та те­ни­сер­ка Ли­на Ѓор­чев­ска, ра­ко­ме­тар­ка­та Мир­је­та Ба­јра­мов­ска со на­ста­пи во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те и дру­ги врв­ни спор­тис­тки, кои, се­пак, не се на ли­ста­та по­тен­ци­јал­ни за­штит­ни ли­ца во рек­лам­ни­те кам­па­њи во Ма­ке­до­ни­ја.

 

sport129-Djokovic-peugeot

Еден, ама вре­ден, Ѓо­ко­виќ по­ка­жу­ва де­ка и Бал­ка­нот мо­же

Но­вак Ѓо­ко­виќ е единс­тве­ни­от бал­кан­ски спор­тист што е ран­ги­ран во топ 100 на ли­ста­та на „Форбс“. Еден, ама вре­ден, при­мер што по­твр­ду­ва де­ка и Бал­ка­нот мо­же да во­ди рам­но­прав­на би­тка со по­сил­ни­те. Те­шко е да ги про­би­е­те ба­ри­е­ри­те што по­сто­јат, пред сѐ, во про­фе­си­о­нал­ни­те ли­ги во САД, ка­де што си ги це­нат сво­и­те спор­ти­сти пред дру­ги­те. По­тоа и дол­го­го­диш­ни­те тра­ди­ции во те­ни­сот, во гол­фот, во по­ло­то, во фор­му­ла 1, од ка­де што има ду­зи­на спор­ти­сти со ми­ли­он­ски до­го­во­ри.

Ѓо­ко­виќ со ма­ко­трп­на ра­бо­та, со из­во­нред­ни игри и ус­пе­си на те­ни­ски план ѝ се прик­лу­чи на ели­та­та по­ка­жу­вај­ќи им го па­тот до вр­вот и на дру­ги­те бал­кан­ски спор­ти­сти. Во 2014 го­ди­на по­пу­лар­ни­от Но­ле по­бе­ди на се­дум АТП-тур­ни­ри, а бе­ше нај­до­бар и на нај­важ­ни­от свет­ски те­ни­ски на­стан, на Вимбл­дон, во Ол-Инг­ланд клу­бот во Лон­дон. И кај не­го си­ту­а­ци­ја­та е ин­те­рес­на, со по­ве­ќе при­хо­ди од спон­зо­ри­те, откол­ку од на­гра­ди­те, а од­но­сот е ре­чи­си два спре­ма еден. Од тур­ни­ри­те Ѓо­ко­виќ ин­ка­си­ра 12,1 ми­ли­о­ни до­ла­ри и 21 ми­ли­о­ни до­ла­ри од рек­лам­ни кам­па­њи и до­го­во­ри. „Пе­жо“ и „Се­и­ко“ се ме­ѓу ком­па­ни­и­те што нај­та­зе се прик­лу­чи­ја кон рекламното царс­тво на срп­ски­от те­ни­ски ас.

 

(Пишува: Зоран Поповски
Текст објавен во 129. број на неделникот „Република“, 20.02.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top