| четврток, 6 декември 2018 |

Зла­тко Сте­вков­ски: МКЦ е све­ти­ли­ште, цвр­сто упо­ри­ште од­бив­но на ки­чот и на шун­дот

МКЦ не би­ту­ва спо­ред тоа што ќе до­не­се де­нот или, пак,од де­нес за утре. МКЦ не ја про­ме­ни са­мо ве­тва­та фа­са­да, ами се про­чи­сти си­от, од­над­вор иод­на­тре, про­стор­но и ка­ра­ктер­но. МКЦ не е за­ба­вен, сим­па­ти­чен, фин, шар­ман­тен…МКЦ е троа под­ла­бок, троа по­не­ка­тад­не­вен, троа по­те­жок, ве­ли ди­ре­кто­рот Сте­вков­ски

zlatko mkc 3 (Custom)

МКЦ не би­ту­ва спо­ред тоа што ќе до­не­се де­нот или, пак,од де­нес за утре, вели Златко Стевковски

Зла­тко Сте­вков­ски (39) пет­та го­ди­на е ди­ре­ктор на Мла­дин­ски кул­ту­рен цен­тар (МКЦ), а на таа функ­ци­ја дој­де отка­ко му за­вр­ши ман­да­тот ка­ко ди­ре­ктор во Кул­тур­но-ин­фор­ма­тив­ни­от цен­тар (КИЦ). МКЦ пред еден ме­сец сла­ве­ше ро­ден­ден, че­ти­ри­е­сет и вто­ри по ред, кој бе­ше од­бе­ле­жан со кон­цер­ти, из­лож­би, по­е­зи­ја, фил­мо­ви, ка­ко и со по­ет­ско-сцен­ски­от пер­фор­манс „Пес­ни­ло“ на кој на­ста­пи­ја по­ве­ќе од 20 авто­ри. МКЦ е кул­тур­на ин­сти­ту­ци­ја, ко­ја е поз­на­та по сво­ја­та отво­ре­ност кон не­за­вис­ни­те умет­ни­ци. 

Мла­дин­ски­от кул­ту­рен цен­тар (МКЦ) не­о­дам­на прос­ла­ви 42 го­ди­ни од сво­е­то по­сто­е­ње. Чо­век ко­га ќе вле­зе во пет­та­та де­це­ни­ја од жи­во­тот во­о­би­ча­е­но е да ги чув­ству­ва пр­ви­те зна­ци на ста­ре­е­ње­то. Но, МКЦ ли­чи ка­ко да се подм­ла­ду­ва од го­ди­на в го­ди­на. Да­ли е тоа са­мо фејс­ли­фтинг или ду­хот му пул­си­ра за­ед­но со мла­ди­те?

СТЕ­ВКОВ­СКИ: МКЦ не би­ту­ва спо­ред тоа што ќе до­не­се де­нот или, пак,од де­нес за утре. МКЦ не ја про­ме­ни са­мо ве­тва­та фа­са­да, ами се про­чи­сти си­от, од­над­вор иод­на­тре, про­стор­но и ка­ра­ктер­но. МКЦ не е за­ба­вен, сим­па­ти­чен, фин, шар­ман­тен…МКЦ е троа под­ла­бок, троа по­не­ка­тад­не­вен, троа по­те­жок… Ток­му и са­мо та­кви­от искрен, „хи­ги­ен­ски” и не­хи­по­кри­зи­чен МКЦ мо­же да им се да­де и по­ну­ди на мла­ди­те, ста­ри­те, впи­ва­чи­те на опи­ја­ти­те на автен­тич­на­та умет­ност.

Ја сит­ни­те пр­ва­та пе­то­ле­тка отка­ко сте наз­на­чен за ди­ре­ктор на МКЦ. Да­ли за овие пет го­ди­ни ка­ко ди­ре­ктор на оваа кул­тур­на ин­сти­ту­ци­ја ги ре­а­ли­зи­ра­вте си­те пла­но­ви што ги за­цр­та­вте и кој сон сèуште не ви е ос­тва­рен?

СТЕ­ВКОВ­СКИ: Да! Ка­кво над­ме­но и се­бе­во­сфа­лу­вач­ко „да“, а?! Ар­но, но, фа­кто­граф ски.

Ка­дар 1

2010 го­ди­на, МКЦ:дре­бен, тро­шен, рас­па­ѓач­ки, од­на­тре по­нор­но и не­из­држ­ли­во вла­жен, из­гри­зан, оп­скур­но мра­чен, соблазниво ма­чен…, МКЦ, ко­му единс­тве­ни­те по­се­ти­те­ли му би­ле ку­ри­ри­те со суд­ски из­врш­ни ре­ше­ни­ја, ин­ка­сан­ти­те со на­ток­ме­ни из­врш­ни на­ло­зи за пре­кин на еле­ктрич­на или топ­лин­ска енер­ги­ја, некое ма­кро и/или „да­ма” по/од нуж­да од со­сед­ски­от Цр­вен со­как, не­кој мил до­бро­на­мер­ник ба­рај­ќи абер за МВР.

Ка­дар 2

МКЦ 2011/2012/2013/2014/2015… (не ја спом­ну­вам 2010 го­ди­на за­што таа е по­ар­че­на се­та на трај­но рас­чи­сту­ва­ње, сме­тки, шунд, от­пад, од се­ка­ков не/жив вид, об­лик, ма­те­ри­јал…).Све­тол, ра­фи­ни­ран, ста­мен, се­бе­све­сен… пред него, ре­ди­ци и ре­ди­ци за би­лет по­ве­ќе за филм, му­зи­ка, те­а­тар… и знај­но: од тур­ка­ни­ци­те, бло­ки­ра­на пос­лед­на­та коц­ке­ста ули­ца сè до ке­јот. А, пак, вна­тре, пре­пол­не­ти до из­див: хо­лот, кон­церт­на­та са­ла, Фро­си­на, џеб­но­то ки­но, га­ле­ри­ја­та, пла­не­та­ри­у­мот… и жолч­ни и жолч­ни ка­ра­ни­ци со Ру­се за плус кон­тин­гент од 100/200 би­ле­ти на ве­ќе про­да­де­ни­те ил­ја­да и ку­сур оти пред пор­ти МКЦ е сар­ди­сан од глад­ни и не­за­сит­ни за пи­то­реск­на­та соч­на тр­пе­за.

Со­нот?!

Са­мо ко­га би… ка­ко ка­дар 2 во МКЦ, т.е. не­го­во­то се­којд­не­вие и другите цен­три, те­а­три, га­ле­рии… низ на­ша Ма­ке­до­ни­ја, е то­гаш, кул­ту­ра­та не ќе е по­гре­шен тер­мин, на­про­тив, ќе одѕ­во­ну­ва ми­лоз­вуч­но пре­диз­ви­ку­вај­ќи тре­пет, хи­ги­е­на, по­рив за уба­во(то).

zlatko mkc 4 (Custom)

МКЦ не ја про­ме­ни са­мо ве­тва­та фа­са­да, ами се про­чи­сти сиот

МКЦ е кул­тур­на ин­сти­ту­ци­ја фи­нан­си­ра­на од др­жа­ва­та и епоз­на­та по сво­ја­та отво­ре­ност за не­за­вис­ни умет­ни­ци. Што е за Вас МКЦ?

СТЕ­ВКОВ­СКИ: Број1! Не е МКЦ за Зла­тко и за не­го­ви­те же­ла­ни­ја. Таж­на и автен­тич­на тра­ди­ци­ја, им­прег­ни­ран код на дејс­тву­ва­ње во ми­на­то­то на „го­ле­ми­те” ди­ре­кто­ри во МКЦ. Зла­тко е мин­лив на­мес­ник. Се­ко­ја ин­ди­ви­дуа има мож­ност да оста­ви тра­га зад се­бе. Ка­де сум, бла­го­да­рен сум, оти имам уни­кат­на мож­ност да вле­зам воисто­ри­ја­та по­ла­гај­ќи се и сто­еј­ќи им на ус­лу­га на умет­ни­ци­те и на умет­но­ста. Да­ли ја ко­ри­стам оваа уни­кат­на мож­ност, ­пра­шај­те ги умет­ни­ци­те. Дреб­но­ста ми не мо­же, и не смее, да су­ди за тоа.

Што е МКЦ за Зла­тко?!

Све­ти­ли­ште, цвр­сто упо­ри­ште,толкуту­ѓо и од­бив­но на ки­чот, шун­дот, гор­де­ли­ва­тане­у­кост, заг­лу­шу­вач­ки­от рев­но­сен про­сто­ти­лак, пол­тронс­тво­то, дреб­но­то по­ли­ти­кант­ство, на­мет­на­ти­те не­чии т.н. стан­дар­ди, кор­по­ра­тив­ни­от без­о­чен без­о­браз­лук зач­нат од ара­ми­ла­кот во по­че­то­кот на 90-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век.

П.С. Есе­га, не­ма да ви пи­шу­вам ми­нус за овој лап­сус и „не­и­стра­жу­ва­ње­то” на оваа па­ра­диг­ма.

Пла­ти­те на вра­бо­те­ни­те, по­го­ле­ми­от дел од ре­жи­ски­те тро­шо­ци и ки­но­то „Ми­ле­ни­ум“ (це­лос­но) се пот­по­мог­на­ти од Гра­дот и од Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра.За тоане­мер­но сум бла­го­да­рен, оти та­ква­тапра­кти­ка е толкуодам­на мр­тва та­му ка­де што стре­ми­ме. Огром­на­та про­гра­ма на МКЦ (кон­цер­ти, из­лож­би, филм, пер­фор­ман­си, де­се­ти­ци из­да­де­ни кни­ги и му­зич­ки ал­бу­ми, по­ет­ски ве­че­ри, де­ба­ти…) епот­пре­на са­мо и единс­тве­но на сопс­тве­ни­те си­ли, вло­жу­ва­ња, жр­тви и на фон­до­ви­те на ЕУ. По­са­ку­вам во овој мо­дел на дејс­тву­ва­ње, по не­кол­ку де­це­нии, да ус­пе­ат и другите брат­ски и се­стрин­ски ин­сти­ту­ции воми­ла Ма­ке­до­ни­ја. Та­ка е и во„по­са­ку­ва­на­та” ЕУ, зар не?!

zlatko mkc 2 (Custom)

МОТ е во ква­ли­тет­на­та вто­ра су­пер­ли­га во Ју­го­и­сточ­на Евро­па ко­га ста­ну­ва збор за ва­кви фе­сти­ва­ли

Октом­ври се­ко­гаш ми­ри­са на МОТ и на МКЦ. Оваа го­ди­на има­те ју­би­леј, 40 го­ди­ни од по­сто­е­ње­то на Млад отво­рен те­а­тар. Што пла­ни­ра­те за ју­би­леј­но­то из­да­ние? Факт е де­ка не мо­жат мно­гу фе­сти­ва­ли да се по­фа­лат со та­ков кон­ти­ну­и­тет.

СТЕ­ВКОВ­СКИ: МОТ е во ква­ли­тет­на­та вто­ра су­пер­ли­га во Ју­го­и­сточ­на Евро­па ко­га ста­ну­ва збор за ва­кви фе­сти­ва­ли. Без лаж­на на­деж и истр­чу­ва­ње, свет­лос­но сме да­ле­ку од го­ле­ми­те Ави­њон, Един­бург, Бер­лин и од Лон­дон со фе­сти­ва­ли што се ви­стин­ско чу­до и про­бив во не­кое ид­но вре­ме, нам толкуда­леч­но. На спом­на­ти­те, бу­џе­ти­те им се сед­мо­ци­фре­ни (го­во­рам за ва­лу­та­та „евро”). Но, МОТ прв­пат по осум­де­сет­ти­те го­ди­нипо­втор­но има рас­про­да­де­ни са­ли. МОТ има ра­мо до ра­мо, ако не и по­до­бра, по­из­др­жа­на про­гра­ма и кон­цепт од мно­гу­број­нидруги фе­сти­ва­ли во спо­ме­на­та­та вто­ра су­пер­ли­га во Ју­го­и­сточ­на Евро­па(ова не го го­во­ри Зла­тко,ни­ту, пак, ќе му пад­не на ум да го го­во­ри), ами спо­ред мно­гу­ми­на нес­лу­чај­ни кри­ти­ча­ри и те­а­тар­ски ра­бот­ни­ци од Евро­па и по­ши­ро­ко.МОТ го чи­ни се­во ова со бу­џет де­се­ти­на па­ти по­мал од другите фе­сти­ва­ли во спо­ме­на­та­та вто­ра су­пер­ли­га во Ју­го­и­сточ­на Евро­па.Не­ма пла­но­ви за го­ди­на­ва, ми­на­та­та или, пак,за в го­ди­на… има са­мо го­ле­ма сли­ка за рас­про­да­де­ни са­ли, го­ле­ма сли­ка со прет­ста­ви што ќе нè „пов­ле­чат” бар за ку­со, мо­же­би и из(в)ле­чат трај­но од на­ше­то не­и­скре­но, моќ­но, не­до­пир­ли­во, а, се­пак, тол­ку плаш­ли­во „јас”.

zlatko mkc (Custom)

Факт е де­ка МКЦ се разд­ви­жи во пос­лед­ни­те не­кол­ку го­ди­ни и му се вра­ќа сја­јот што го има­ше во 80-ти­те и во 90-ти­тего­ди­ни на ми­на­ти­от век, ко­га беа злат­ни­те го­ди­ни на то­гаш­ни­от Дом на мла­ди 25 Мај“. Ко­ја е фор­му­ла­та за ус­пеш­ност?

СТЕ­ВКОВ­СКИ: Има­ме проб­лем со тол­ку­ва­ње­то и со сим­бо­ли­ка­тана „зла­то­то“. За ме­не, зла­то­то е оли­це­тво­ре­ние на не­и­скре­но­ста, евти­но­ста, алч­но­ста, не­за­сит­но­ста…, за ме­не зла­то­то е те­мен сјај.Та­ка, ако го­во­ри­ме за па­ра­ме­три­те за ус­пех, има­ме проб­лем! То­гаш­ни­те ма­ке­дон­ски гру­пи се воз­не­су­ваа ко­га ќесни­меа сингл, не дај бо­же ЛП, за ди­ско­граф­ски­те ку­ќи во „ме­тро­по­ли­те” За­греб, Бел­град… За иста­та цел, пу­сто дод­во­ру­вач­ки, пот­пев­ну­ваа на нив­ни­те ја­зи­ци (со ве­чен и дла­бок нак­лон кон тие што не го чи­неа тоа, се/ги зна­е­ме). Де­нес, пак, „Бер­најс про­па­ган­да“ има 1.500 кон­цер­ти на фе­сти­вал­ски­те и на клуп­ски­те сце­ни во Евро­па и пре­ку ба­ра­та, пе­еј­ќи на кој ја­зик?!Мо­лам по­низ­но, име­ну­вај­те ми ар­тист, му­зи­чар, сли­кар, по­ет… кој нè по­че­стил со не­го­ва­та свет­ли­на во тие „злат­ни“ го­ди­ни на МКЦ?! Следс­тве­но, име­ну­вај­те ми из­лож­ба, кон­церт, фе­сти­вал (освен МОТ), кни­га, му­зич­ки ал­бум под за­кри­ла­та на МКЦ од „злат­ни­те“го­ди­ни?!

Е се­га, ѕир­не­те во исто­ри­ја­та пет го­ди­ни на­зад, на www.mkc.mk…

МКЦ е ор­га­ни­за­тор на пет фе­сти­ва­ли, „Си­не­дејс“, „МОТ“, „Бе­ла ноќ“, „Здра­во мла­ди“, „Ви­ди му­зи­ка“. Си­те има­ат го­ре-до­лу слич­на пуб­ли­ка, но кој од овие фе­сти­ва­ли е нај­те­жок за ор­га­ни­зи­ра­ње, а во кој ужи­ва­те најм­но­гу?

СТЕ­ВКОВ­СКИ: Про­сте­те, не­мам од­го­вор. Што имав, ре­ков по­го­ре. Спо­лај ви.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top