| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на проектот „Наоди“ во МКЦ

Во Младинскио кулурен центар (МКЦ) вечерва на 28 декември со почеток во 20 часот се отвора изложбата на проектот „НАОДИ“ со која Македонија се претстави на 14-та Меѓународна архитектонска изложба – Биенале во Венеција, одржана од 7 јуни до 23 ноември 2014 година.

Отворањето на изложбата е во понеделник во Концертната сала на Младинскиот културен центар во Скопје.

На настанот ќе биде промовирана и публикацијата „НАОДИ: Павилјон на Република Македонија, 14-та Меѓународна архитектонска изложба – Биенале во Венеција“, направена за потребите на македонското национално претставување, во која се поместени резултатите од истражувањето на поставената тема на Националните павилјони – „Впивање на модернизмот 1914 – 2014“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top