| четврток, 6 декември 2018 |

Златко Стефковски реизбран за директор на МКЦ

Златко Стевковски веќе пет години е директор на Младински културен центар (МКЦ) во Скопје, а откако заврши конкурсот за избор на директор на МКЦ, тој е реизбран да ја врши оваа функција уште еден мандат.

Под негово раководство беше реновиран објектот на Младинскиот културен центар, вратена во функција ликовната галерија, во киното „Фросина“ редовно се случуваат промоции, концерти или проекции на филмови од програмите на повеќе филмски фестивали, реновирано е Џепното кино, а ги иницираше и поддржа новите манифестации како „Земјотрес“ и „Роденден на уметноста“. Неговиот реизбор е поддршка и на културната, особено на независната и алтернативната, сцена во градот Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top