| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Овој рецепт за урнисување на државата преку соработка со странски служби опозицијата треба да го патентира

Gruevski press bomba 4 (Custom)

Како ќе заврши актуелната политичка ситуација во земјава? На ова прашање денеска одговори премиерот Никола Груевски, сметајќи дека јавноста заслужува одговори на она што најмногу ги интересира по аферата „Пуч“ и објавените таканаречени бомби од штабот на СДСМ. Според него, одговорот на ова прашање го имаат и ќе го дадат граѓаните.

На ова прашање граѓаните ќе го дадат својот одговор, преку довербата која ја даваат и ќе ја дадат на сите нас на политичката сцена. Времето и граѓаните се клучот, односно нивната определба дали сакаат да бидат вовлечени во ова деструктивно сценарио, подготвено и спакувано од страна, или ќе се насочат на реалните проблеми и на тоа кој ќе има подобра понуда и подобри решенија за проблемите на граѓаните, подобра програма, и резултати. Инаку, овој рецепт за урнисување на државата преку креирани материјали во соработка со странски служби, со наведувачки воведи на прес- конференции нашата опозиција треба да го патентира. Вакво нешто досега на никого не му текнало. Замислете колку се би било полесно ако секој што претендира да биде сериозен политичар или партија и да води една држава, почне да соработува со служби и да креира материјал за да ја оцрни власта. Тогаш не се потребни ни проекти, ни програма, ни стручен кадар, тогаш е потребен само еден човек кој е доволно очаен, доволнолаком, доволно слаб, за да прифати да соработува и да прибегне кон вакво сценарио. Но, времето, времето  ќе им го даде најјасниот одговор на сите нив, но и на оние кои во даден момент ќе се поколебаат и на оние кои ќе им повлијаат во ова сценарио – рече премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top