Уставниот суд на Шпанија денеска го прогласи за противуставен референдумот во Каталонија одржан на 9 ноември за независноста на оваа шпанска автономна област, јави ТАСС.
На 9 ноември минатата година жителите на Каталонија учествуваа во референдум, на кој требаше да одговорат на две прашања. Прво дали сакаат Каталонија да биде независна држава и второто прашање, во случај на позитивен одговор дали државата треба да биде независна.
На референдумот учествуваа 2,3 милиони луѓе, одноно околу 30 отсто од лицата со право на глас. Од нив 80,76 проценти одговорија позитивно на двете прашања. Референдумот беше спроведен откако Парламентот на Каталонија освои закон за него.
Шпанските власти прашањето го поставија пред Уставниот суд, кој денеска одговори дека парламентот на автономната област нема право да усвојува закони за спроведување на референдум по прашања од национално значење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.