| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија со шанса да ја избегне Франција

Македонија одигра нерешено 29-29 против Русија во претпоследната средба за нас во Б групата на светското првенство во Шпанија. Гоце Георгиевски го даде голот за израмнување на 30-на секунди до крај, а Русите не успеаја да упатат удар за победа. По првото полувреме имавме негатива од 13-16.

Само победа против Данска, задутре, ќе ни овозможи да ја избегнеме првопласираната селекција од А групата, а таму најверојатно првопласирани ќе бидат Французите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top