| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени 50.000 денари од црква во Неготино

Ограбени се две цркви, едната во Неготино, а другата во Валандово. Штетата изнесува 53.000 денари.

Кражбата во црквата „Свети Атанасиј“ во Неготино се случила на 18 февруари кога крадецот насилно ја отворил влезната врата, а потоа и металната каса со бор машина, и украл 50.000 денари.

Кражбата во полицијата била пријавена во понеделникот.

Другата кражба се случила во црквата „Свети Димитрија“ во Валандово вечерта во неделата, а оттаму крадецот украл 3.000 денари. Полицијата работи на расчистување на кражбите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top