| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Вана Урошевиќ во Софија

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, утре (25 февруари) ќе биде отворена изложбата на познатата македонска уметница Вана Урошевиќ. „Невидливиот медиум на чудесното“ е насловот на изложбата, на која Урошевиќ ќе се претстави со 50 дела, работени со вез на рачно обоена свила. Изложбата финансиски помогната од нашето Министерство за култура ќе ја отворат директорот на Македонскиот културен центар во Софија, Васко Шутаров, и директорката на Музејот на современа уметност Елиза Шулевска.

Вана Урошевиќ, дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Белград во 1984 година, а магистрира на истиот факултет во 1987 година. Таа беше македонски претставник на педесеттото Биенале во Венеција (2003 година), учесник е на многубројни самостојни и групни изложби, добитник на значајни домашни и странски награди за лековна уметност. Работи во Националната галерија на Македонија во Скопје. Вана Урошевиќ првпат изложува самостојно во Софија, а нејзината изложба посетителите ќе можат да ја видат до 19 март.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top