| четврток, 6 декември 2018 |

Вугринец останува во Металург уште две години

Словенецот Ренато Вугринец го продолжи договорот со ракометниот првак Металург и ќе остане најмалку уште две години во Скопје.

– Пресреќен сум што луѓето во Металург имаат доверба, пред сѐ, во моите човечките квалитети, а потоа и во ракометното знаење. Јас сакав да останам тука бидејќи ми е прекрасно во Скопје. Имав понуди и од други клубови, пред сѐ од Копер и од Вардар Про, но сега веќе нема дилеми, продолжувам во Металург – изјави Вугринец за спортскиот портал „Екипа“.

Тој ја игра првата сезона во Металург, а нашиот шампион со негова помош е на прагот на историски успех и пласман во четврт-финалето на Лигата на шампионите. Вугринец игра како препороден иако има 38 години и набрзина ги освои срцата на ракометните симпатизери во Македонија. Искуството на бекот на Металург е огромно и има играно дури 6 полуфиналиња во ЛШ и едно финале. Тоа беше победничко со тимот на Целје кога во 2004 година, Словенците го победија германскиот тим Фленсбург и ја освоија титулата.

В сабота, на 23 март, тој повторно ќе биде на теренот во салата „Борис Трајковски“ за реваншот против Динамо Минск. Првиот натпревар во Белорусија го доби нашиот шампион со 26-23 и е на прагот на четврт-финале, што би бил највисок достrел во ЛШ на македонска машка екипа. Според информациите од Металург, билетите веќе се распродадени и се очекува прекрасна атмосфера, како поdдршка за Вугринец и соиграчите од македонскиот првак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top