| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца убиени и десетина повредени во експлозија на бомба во Харков

За време на еден патриотски митинг во источниот украински град Харков, што е под контрола на Киев и се наоѓа на околу 200 километри од зоната на борбени дејствија, денеска претпладне експлодира бомба, соопштија локалните медиуми.

Диписник на ТАСС од местото на настанот информира за двајца загинати.

Француските медиуми, пак, цитирајќи локални власти, пренесуваат дека од експлозијата загинале три лица, а претходно веќе соопштија дека има и десетина ранети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top