| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобро полувреме на Вардар во Лигата на шампионите

Во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите Вардар му гостува на Рајн-Некар. По првите 30 минути црвено-црните водат со 20-13. Победникот од овој натпревар ќе го освои второто место во групата и со тоа условно ќе добие полесен противник во осминафиналето.
Ако Вардар игра во продолжение од ова натпреварување вака како што ги одигра првите 30 минути од овој натпревар, тогаш може слободно да се каже дека македонскиот преставник е еден од најсериозните кандидати за пласман во фајналфор турнирот.

vardar-monpelje-19 - Copy

Во изворедното прво полувреме можеби и најдобрата партија во својата кариера ја има Игор Карачиќ со седум гола од осум обиди. Голманот на Рајн-Некар Никлас Ландин неможе никако да го прочита и да му одбрани некој удар.
Фантастичен меч има Тимур Дибиров со пет погодоци.
Во вториот дел се чини дека германците ќе тргнат на се или ништо и повторно одбраната ќе биде таа која треба да ја донесе победата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top