| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел на гости кај папата Франциск

Папата Франциск денеска ја прими германската канцеларка Ангела Меркел во приватна аудиенција, пренесоа светските агенции.

Ватикан не даде никава друга информација за посетата, пред сње, заради нејзиниот неофицијален карактер, посочуваат француските медиуми.

Меркел на средбата беше придружена од петнаесетчлена делегација, во која беа и нејзиниот портпарол Штефен Зајберт и нејзиниот советник за европски прашања Николаус Мајер-Ландрут.

-Имав задоволство да го изложам дневниот ред на германското  претседателство со Г-7. Како што можеше да се очекува, ова беше еден многу соддржаен разговор, изјави Меркел по завршувањето на 40-минутната аудиенција, цитирана од ДПА.

Главни теми на средбата беа светските кризи, со посебен акцент на конфликтот во Украина и германското ротациско претседателство со групата на седум индустриски најразвиени земји.

Папата Франциск и Меркел разговарале и за борбата со сиромаштијата, еднаквоста и улогата на жените во земјите во развој. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top