Две лица, 37-годишна жена и малолетно момче смртно настрадале во експлозија која одекнала околу пладне во местото Бијело Брдо крај Осијек.
Во несреќата уште две деца се повредени.
Инаку сите биле од едно семејство, а според првичните сознанија децата дома донесле бомба која ја пронашле кај блиското игралиште.
Како што пренесува агенцијата Нина, полициските службеници по доаѓањето на местото на несреќата во семејна куќа нашле безживотни тела на 37-годишна жена и на седумгодишно момченце. Други две децата, девојченца на возраст од 8 и 9 години, биле пренесени во осјечкиот Клинички болнички центар.
Повреденото девојченце ја спасило својата сестричка, изнесувајќи ја од куќата а потоа се струполила на земјата. Нејзиното повредено братче истрчало на улицата целото во крв, изјавиле соседите очевидци. Несреќното семејство има шест деца, а во моментот на трагедијата во куќата биле четири.
Според првичните информации од роднините и соседите, децата на блиското игралиште наводно нашле три бомби, а две однеле дома. На истото игралиште ден претходно со таткото чувале овци. „Никакви бомби немаше вчера, не ми е јасно каква личност може да остави бомби на место каде играат деца“, запрашал еден од роднините.
Според портпаролот на Осијечко-барањската полициска управа, Дарио Премец, станува збор за експлозија од засега непознато експлозивно тело, и се очекуваат резултатите од увидот на истражните органи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




