| четврток, 6 декември 2018 |

Сериски силувач од Јоханесбург доби 1.535 години затвор

albert-morake

Судот во Јоханесбург му одреди затворска казна од 1.535 години на серискиот силувач Алберт Мораке (35), бидејќи е прогласен за виновен за силување на 29 жени.

Мораке пред судот се изјаснил дека не е виновен и покрај тоа што против него има дури 175 обвиненија, од кои 30 силувања, 41 киднапирање, 24 кражби, три обиди за грабежи и еден обид за убиство.

-По изрекување на пресудата тој беше толку арогантен што дури рече дека им „помогнал на жртвите кои ги силувал да се заштитат во иднина– изјави државниот обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top