Грчкиот премиерот Алексис Ципрас и германската канцеларка Ангела Меркел синоќа имале „конструктивен“ телефонски разговор, јави дописникот на МИА од Атина.
Грчката влада информира дека разговорот траел 50 минути и бил одржан во позитивна клима, насочена кон наоѓање заемно корисно решение за Грција и за еврозоната.
Во Атина се коментира дека разговорот би можел да биде првиот чекор кон компромис меѓу двете земји, кои имаат спротивставени позиции за разговорите за грчкиот долг што предизвика загриженост во еврозоната.
Грција вчера официјално побара шестмесечно продолжување на договорот за кредит, но германското Министерство за финансии ненадејно го отфрли предлогот.
Ципрас, исто така, имал телефонски разговор со италијанскиот премиер Матео Ренци во рамките на барање начин како да се постигне договор за долгот на Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меркел повторно прогласена за најмоќна жена во светот
-
Наследникот на Меркел доаѓа од компанија што „управува со светот“?
-
Ројтерс: Ципрас обезбеди доволен број гласови за ратификација Преспанскиот договор и без Каменос
-
Ефтов: Заев ја лажеше меѓународната заедница и со референдумот ги наруши нејзините позиции