| четврток, 6 декември 2018 |

Од Војводина грмат: Начевски и Михајловски нека ви играат во СЕХА (видео)

Раководството на Војводина грми од обвинувања по мечот со Металург во Скопје, кој се играше во СЕХА-лигата, а спорен е голот за победа на гостите постигнат на 4 секунди до крајот, а поништен од судиите поради влегувањето на терен на тренерот на Металург, Лино Червар.

Хрватскиот стратег си шеташе на теренот во последните моменти и за малку дури и ќе се судреше со гостинскиот ракометар Урош Елезовиќ. Мечот заврши нерешено 26-26, а според објавениот видеоматеријал гостите веројатно и се во право. Кога го упатија ударот за победнички 27. погодок, Червар беше на терен, и тоа неколку метри, што можеше и порано да се санкционира.

– Ние ќе играме со пионери, а вам нека ви играат Начевски и Михајловски во СЕХА-лигата – обвинија од Војводина.

Марјан Начевски и Михајло Михајловски се долгогодишни претставници на македонскиот ракомет од нашата федерација, а сега се во потесното раководство на СЕХА-лигата.

seha

И тие, меѓу другите членови на раководството на Регионалното натпреварување, денеска на состанок во Загреб ќе треба да ги вадат жешките костени со контроверзната ситуација на мечот меѓу Металург и Војводина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top