Раководството на Војводина грми од обвинувања по мечот со Металург во Скопје, кој се играше во СЕХА-лигата, а спорен е голот за победа на гостите постигнат на 4 секунди до крајот, а поништен од судиите поради влегувањето на терен на тренерот на Металург, Лино Червар.
Хрватскиот стратег си шеташе на теренот во последните моменти и за малку дури и ќе се судреше со гостинскиот ракометар Урош Елезовиќ. Мечот заврши нерешено 26-26, а според објавениот видеоматеријал гостите веројатно и се во право. Кога го упатија ударот за победнички 27. погодок, Червар беше на терен, и тоа неколку метри, што можеше и порано да се санкционира.
– Ние ќе играме со пионери, а вам нека ви играат Начевски и Михајловски во СЕХА-лигата – обвинија од Војводина.
Марјан Начевски и Михајло Михајловски се долгогодишни претставници на македонскиот ракомет од нашата федерација, а сега се во потесното раководство на СЕХА-лигата.
И тие, меѓу другите членови на раководството на Регионалното натпреварување, денеска на состанок во Загреб ќе треба да ги вадат жешките костени со контроверзната ситуација на мечот меѓу Металург и Војводина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)