Околу 120 експонати што го прикажуваат животот во османлискиот период од 18, 19 и 20 век се претставени на втората изложба „Османлиските културни белези во Македонија“.
Изложбата што ја организира Турскиот културен центар „Јунус Емре“ од Скопје беше отворена на 16 февруари ќе трае до 1 март и е продолжение на првата истоимена изложба која беше организирана минатата година и го опфати периодот од 16 до 19 век.
На изложбата, под кураторство на Даниела Николова од Музеј на Македонија, се претставени текстил, облека, автентични соби, бакар, калај и керамички дела.
Отворањето на изложбата беше збогатено со настап на Македонскиот фолклорен ансамбл и изведба на фрагменти од традиционални македонски и турски песни.
Меѓу големиот број гости присуствуваа претставници од Амбасадата на Турција во Македонија, Министерството за култура, Турската владина агенција за соработка и координација-ТИКА, од општини и од турски компании во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


