Божидар Спасиќ, професионалец од поранешната југословенска служба за безбедност, со искуство од над 90 акции на сите континенти на планетата, за „Република“ вели дека иако може, службите од региониот не би имале интерес да ја турнат власта во Македонија. Но затоа, додава, интерес може да има кај големите разузнувачки системи.
– Апсолутно можат. Сепак странските служби од регионот немаат никаков интерес да ја тргнат владата во Македонија. Затоа пак може да има интерес кај големите разузнувачки системи. Тие би имале за цел да ја турнат владата и да ги постават на нивно место да доведат свои луѓе, со ветување на пример за отворање на воени база, или некаква подобра позиција во некој процес на приватизација или слично. Но, само со помош на домашни служби може да се изведе операцијата. Издвоени делови од македонските обавештајци учлествувале во ова. Знам дека неколкумина се приведени.
Поранешниот агент на југословенските служби вели дека сепак, не се објавени информации од истрагата.
– Неколкумина се приведени, но тоа не е доволно, не е откриен вистинскиот синџир, ниту центрите на моќ. Заев тука нема моќ, тука е само да ги презентира на јавноста, зад тоа стои некој друг, или нечиј интерес економски или политички. Ова не е прв пат во Македонија. Имавте цела низа случаи од шпекулациите во врска со погибјето на Трајковски на пример. Па неколку случаи за презентирани материјали кои немаа за цел да се бутне владата, туку тргање на определени структури од владата. Па лани случајот со обидот за компромитирање на угледни личности, и други. Македонија изгледа како погодно подрачје за обиди за тивки државни удари. Но тоа се случува заради потполно поделена државата на две политички опции. И едноставно секогаш е во опасност противникот да и подметнува вакви сопки.
Дали можат да се „исчистат“ службите?
-Па службите не се прочистени, затоа ова се случува. Ниедна служба во државите од поранешна СФРЈ не е прочистена. Не е професионализирана. Напротив, како која политичка опција доаѓа на власт, ја собира службата и оперативниот апарат- прислушувањето како најважна метода. Која политичка опција дојде на власт си става свои луѓе. Се додека не се професионализираат разузнувачките апарати ќе ги има овие случаи. Пример има ете во Србија сега, кога министерот за одбрана го обвини поранешниот министер дека го слушал претседателот на државата. Многу политичари се држат до службите, мислејќи дека тоа се моќни апарати кои можат да им помогнат ако ги дознаат валканите работи на своите непријатели.
Зоран Заев призна автентичноста на писмото пишувано на рака, како информација до поранешниот директор на службите дека е околу добивање на работна виза за во странство. Па што може да работи разузнувач во странство?
– Не може ништо! Најпросто и едноставно стојат некои други сили кои имаат некоиј свој интерес. Актуелната власт во Македонија сега ги има сите инструменти за да го истера случајот до крај. Зошто таа тоа не го прави, не ми е јасно. Веројатно чека да види што ќе извади Заев, а потоа ќе заврши со „многу врева за ништо“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.