| четврток, 6 декември 2018 |

Копенхаген: Сомнителното писмо во близина на Културниот центар не било опасно

Сомнителното писмо, откриено во близина до Културниот центар „Крудтонден“ во Копенхаген, не содржело експлозив соопштија деминерите.

По 20-минутна проверка полициски деминери наведоа дека писмото е безопасно. Во писмото пишувало за убиството на еден човек и ранувањето на тројца полицајци за време на викендот во Копенхаген.

Во саботата вооружен маж отвори оган во Културниот центар „Крудтонден“, каде се одржуваше дискусија за слободата на изразување и богохулењето. Напаѓачот врз Културниот центар потоа пукаше и пред синагога, а беше ликвидиран од полицијата.

Вкупно две лица загинаа, а петмина се повредени во нападите во Копенхаген, за време на викендот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top