Со објавувањето на информацијата дека има материјали од прислушувани разговори на 26.000 луѓе лидерот на опозицијата Зоран Заев влеа страв кај граѓаните.
Тој тврди дека сам ги преслушал сите материјали кои тврди дека и го поседува и со кои се заканува, но неговото тврдење наспроти логиката и простата математика е неверојатно. Најкусиот можен телефонски разговор е 2 минути. Ако Заев има 300 разговори кои траат по 2 минути, тогаш од неговите разговори има 10 часа материјал. Ако е точно дека поседува материјал за 26.000 лица и со нивните разговори да го пресметаме минимумот. За слушање на материјалите на едно лице, според минимум траење на разговорите, трошел по 10 часа. 26.000 лица по 10 часа е материјал од 260.000 часови. Тоа се неверојатни 29,6 години кои се потребни да се преслушаат сите материјали кои Заев тврди дека ги слушал сам.
Експертите упатени во оваа тематика сметаат дека Заев ја измислил бројката на разговори. Според нив, на Бихаќка поседуваат материјали од околу 100 лица- функционери, бизнисмени и лица главно поврзани со Владата, но и сопартијци на Заев од врвот на партијата и членови. Со овие материјали, Заев во иднина ќе може да ги уценува сите оние социјалдемократи кои со овие закани ги “држи в рака“.
-Еден од основните елементи е да создадете страв меѓу луѓето. Меѓу сите граѓани на еден простор. Да не знаат што, кога и каде може да им се случи. Во секој момент да бидат исплашени. Тој што му ги дал материјалите на Заев или му ги дава на лажиче, една од посентите му била и таа, рече Дарко Јаневски за РСМ.
Заев им предочи и на своите сопартијци и коалициони партнери дека поседува материјали и за нив, со што директно ги држи под уцена. Тој им вели нив дека и тие биле “ставени на машина“.
-Некои лидери се менувале, па нов е ставен претседател на помалите политички партии, Бранко Црвенковски бил исто така долг период. Јас, Радмила, Стево Пендаровски гледам дека сме во еден сличен период ставени на машина, јас го нареков тоа машина, претпоставувам тоа е некоја машина што го прави тоа. Кога дефиниравме дали Заев или Радмила ќе биде мандатор за Влада 2011 година, месец дена претходно се правеа анкети, а Стево беше дел од тимот на Радмила Шеќеринска заедно со Зоран Јовановски во тоа време, а уште неколку членови на тогашното раководство на СДСМ. Но тука е Тито Петковски, Андреј Жерновски, Јово Манасиевски, Љупчо Георгиевски, Љубе Бошковски и така натаму, рече Заев во своето гостување во Алсат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.