Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги држи граѓаните под закана. Тој посочи дека поседува материјали за дури 26.000 граѓани, со што ги држи сите под свое, па дури и своите сопартијци. Сопартијците се под уцена, а бизнисмените во грч.Неговите помпезни најави за материјали кои ги поседува, се вперени кон сите.
Не е прв пат лидерот на СДСМ да ги помеша политиката и бизнисот. Овој пат, на штета на целата држава, Заев им се закани на сите со папките кои ги поседува во својата канцеларија. Во неизвесност за тоа – колку и што навистина поседува, а за што манипулира, бизменисмените се во ситуација на „стенд-бај“.
-Секогаш кога ќе се случат чувствителни настани поврзани со безбедноста на државата несигурноста е неизбежен фактор. Состојбата на воздржаност во бизнис секторот е исто така разбирлива бидејќи динамиките и протокот на капиталот е поврзан со ризикот, но и со стабилноста и безбедноста. Ако немате доверливост или ако истата може да биде загрозена бизнисот значително е предизвикан. Тоа може да отвори дилеми околу конкурентноста, заштита на интелектуалната сопственост, како и заштита на деловни информации. Овие информации секогаш бараат ексклузивитет и тајност. Најповеќе бидејќи иновативноста и ексклузивноста, покрај останатото, се предуслови за успех во бизнисот. Сепак, оваа не сигурност не е специфична само за нас. Многу посилни држави од нас се на истиот предизвик =- изјавува за Курир Методи Хаџи -Јанев, Универзитетски професор и аналитичар за безбедносни прашања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.