Австриската скијачка Ана Фенингер е новата светска шампионка во велеслалом, по триумфот на патеката во Бивер Крик. За Ана тоа е втор златен медал на шампионатот, а трет во кариерата.
Австријката имаше големи проблеми во второто возење, за малку ќе излеташе од патеката, но успеа да oдржи баланс и да стигне најбрзо до целта, со време од 2:19.16 минути.
Сребрениот медал ѝ припадна на германската скијачка Викторија Ребенсбург, која зад победничката заостана една секунда и 40 стотинки, додека на третата позиција се пласираше Швеѓанката Џесика Линдел Викарби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Како навива секој од хороскопските знаци на Светското првенство?
-
Хитер најбрза на спустот во Лејк Луиз, спектакуларно излетување на Линдзи Вон (видео)
-
Ангела Прилепчанска ја претстави за прв пат Македонија на Светско првенство во уметничко лизгање (видео)
-
Турчинот Гулиев е наследникот на Усеин Болт (видео)