| четврток, 6 декември 2018 |

Заев со уцени кон оние за кои поседува материјали?!

Zaev bomba 17 (Custom)

Дали давањето на папки со материјали на оние, кои според опозицискиот лидер Зоран Заев биле прислушувани е директна закана кон нив?! Лидерот на СДСМ во синоќешното интервју за Алсат-М повторно спомена дека  на некои луѓе ке им подели папки со неовластено снимените материјали, а наводно потоа ќе го уништел материјалот.

-Еден дел од луѓето кои што се општествено поставени вака, не знам вие како новинари ние како политичари, другите луѓе, ќе ги добијат тие папки, за да видат самите заради тоа што се неслучајно вака поставени во општеството а можат да бидат уште подобра совест, ќе ги добијат како папки, лично тие, рече Заев.

Експертите веќе коментираа дека ова не е ништо друго освен уцена. Според нив, на овој начин Заев сака со поделување на материјалите да ги држи во заложништво и под постојана уцена лицата на кои ќе им ги подели неовластено стекнатите и поседувани материјали, кои би требало да бидат под постојана закана дека тие материјали би биле објавени доколку тие не се покоруваат и не ги следат слепо желбите на Заев.

Заев и вечерва потврди дека во материјалите кои ги поседува има снимки од негови сопартијци како Радмила Шеќеринска и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, потоа екс претседателот Бранко Црвенковски, Љубе Бошкоски, поранешниот лидер на ЛДП, Јово Манасијевски.

– Бранко Црвенковски исто така бил долг период. Јас, Радмила, Стево Пендаровски гледам дека сме во еден сличен период ставени на машина. Кога дефиниравме дали Заев или Радмила ќе биде мандатор за владата, а Стево беше дел од тимот на Шекеринска, заедно со Зоран Јовановски. Тука се и Тито Петковски, тука е и Андреј Жерновски, Јово Манасиевски, Љубчо Георгиевски, Љубе Бошкоски, рече Заев.

Експертите додаваат дека оваа порака пред сѐ е насочена кон сопартијците и коалиционите партнери на Заев, кои на тој начин би станале обични марионети во рацете на струмичкиот градоначалник.

Според нив, Заев е во една еуфорија на заканување. Тоа само демонстрира голем страв и осаменост, велат експертите. Пренагласената храброст е класичен страв, односно ова што го прави Заев всушност не е храброст, туку класичен страв и демонстрација на немање капацитет. Во меѓувреме, Владата непречено работи, реализира проекти, се отвораат фабрики и нови вработувања. Наспроти ова, оној што треба да е алтернатива на власта сее страв, фрустрации, гнев, закани и уцени и е во еден перманентен грч.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top