| четврток, 6 декември 2018 |

Неочекувано откритие во средиштето на Земјата: Во јадрото постои уште едно јадро?!

Истражувачите чија студија е објавена во списанието „Nature Geoscience“ веруваат дека во тој најдлабок дел од нашата планета структурата на кристалите од железо се разликува од онаа во надворешните делови на јадрото.

Со оглед на тоа дека не постои можност да се допре во срцето на Земјата, научниците го проучуваат нејзиното јадро со помош на одекот кој го произведуваат земјотресите. Тие ги анализираат нивните промени додека се пробиваат низ различни слоеви на планетата.

Професорот Сијадонг Сонг од Универзитетот во Илиноис за „Би-Би-Си“ изјави дека „брановите се одбиваат назад-напред од едната на другата страна на Земјата“.

Овие податоци смета тој покажуваат дека јадрото на Земјата е цврста област со големина колку Месечината и всушност е составено од два дела. Информациите собрани во текот на сеизмичките активности сугерираат дека кристалите во „јадрото на јадрото“ наредени во правец исток-запад, речиси се налегнати, гледано надолу, високо над Северниот пол.

Кристалите, пак, кои се наоѓаат во „надворепниот дел на јадрото“ се наредени во правец север-југ, т.е. вертикално гледано од иста висинска точка.

-Фактот дека откривме различни структури во различни структури во различни делови на јадрото ни говори за многу долга историја на Земјата, изјави професорот Сонг.

Солидификацијата на јадрото, кое се наоѓа на 5.000 километри длабочина, почнала пред околу милијарда години. Јадрото продолжува да расте за околу 0,5 милиметри годишно.

Откритието дека во него се наоѓаат различно поредени кристали наведува на заклучокот дека тие се формирале под различни услови и дека во одреден период нашата планета искусила драматични промени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top