Џејми Бруер која повеќето ја знаат по улогата на Нен во серијата American Horror Story, влезе во модната историја. Имено, таа е првата моделка со Даунов синдром што зачекорила на модна писта, и тоа како водечки модел.
Триесетгодишната манекенка и актерка настапи во рамки на модната кампања на Кери Хамер со наслов Role Models Not Runway Models, која дизајнерката ја започна минатата година. Всушност, Кери тогаш ја доби понудата да ја претстави колекцијата на неделата за мода во Њујорк, која започна денеска.
-Младите девојки, па дури и младите жени, ме гледаат и си велат: „хеј, ако може таа, тогаш можам и јас“. Вистинска инспирација е да бидеш пример за било која млада жена и да ја охрабриш да биде тоа што е, како и да ѝ биде пријатно да го покаже тоа што е – вели Џејми.
Хамер за магазинот Today проговори и за идејата:
-Ги повикав моите постоечки клиенти, кои се неверојатни жени и една од нив е доктор и секс-терапевт, а е во количка. Идејата дојде спонтано и немав поим дека тоа ќе биде нешто неверојатно.
Како и да е, ова е сосема нов пристап на нешто со што секојдневно се соочуваме. Ова ги поттикнало и медиумите да ги вклучат луѓето со пречки во развојот, за што сведочи и писмото на младата девојка Грејс, која исто така има Даунов синдром:
„Ти благодарам што си промената што долго време ја немаше. Буквално, можам секој пат кога читам за твојата одлука да станеш модел, да пуштам солза. ТИ си она што му е потребно на светот“, пишува Грејс во писмото упатено до Џејми.
Инаку, она што Хамер го креираше за Бруер е инспирирано од ликот што актерката го толкува во American Horror Story.
-Серијата е мрачна, страшна и фасцинантна, па црната боја мораше да биде вклучена, а Џејми има прекрасно тело, со тенка половина и облини, затоа се одлучивме крецијата да биде со А-крој – вели дизајнерката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ида Мантон, мајка на дете со Даунов синдром: Луциа не е тажна приказна, таа е мојата светлина!
-
Жена со нож нападна деца во градинка во Њујорк
-
Владимир Десков, Ана Ивановска Дескова и Јован Ивановски куратори од Македонија за изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“ во Њујорк
-
Нина Костовска стана првото лице со Даунов синдром во Македонија кое дипломираше