Две училишни бомби, кои порано биле користени за настава, се пронајдени во Основното училиште „Блаже Конески“. Откако биле пронајдени бомбите, учениците биле евакуирани, а била повикана и полиција.
– Го чистевме подрумот со учениците, кога едни од децата пронашле торбичка со бомбите и гас-маски. Повикавме полиција која утврди дека се работи за пластични бомби кои на времето се користеле на часовите по општо народна одбрана, а останале во подрумските простории – изјави директорот на училиштето „Блаже Конески“, Раде Жегарац.
Тој информира дека наставата продолжила да се одвива нормално, а учениците се вратени во клупите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.