| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кочани голема поддршка за Граѓанското движење за одбрана на Македонија

коцани

Поддршка на Граѓанското движење за одбрана на Македонија денеска дадоа и голем број здруженија на граѓани во Кочани, интелектуалци, јавни личности, пензионери…
Во името на присутните говореше Симеон Иванов Канго, познат музичар и уметник од Кочани.
– Како здруженија  на граѓани од Кочани, како чеда на родната Македонија, го креваме нашиот глас и сакаме човечки правдини,зошто сакаме да живееме. Денеска во современите услови на пропаганда на разни странски асоцијации, домашни и неидентификувани, им порачуваме – доста со пропаганди, со делби. Како слободна асоцијација на граѓани сакаме да кажеме дека ние сме суверена држава и народ, со култура позната во целиот свет, и нема потреба да се докажуваме – истакна Симеон Иванов Канго.
Од собирот присутните им порачаа на сите оние кои работат за уништување на Македонија дека само придонесуваат да станеме уште посилни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top