Македонските спортисти веруваат дека нивната колешка Робертина Мечевска ќе ја добие битката. Откако македонската ракометна репрезентативка беше пронајдена пред влезот на зградата во која живеела во скопската населба Аеродром, падната од петиот кат, лекарите се борат за нејзиниот живот. Робертина е оперирана, но сѐ уште во животна опасност. Нејзините колеги оставаат пораки на социјалните мрежи:
Нејзината некогашна колешка од репрезентацијата, Наташа Коцевска, напиша: Издржи Мече! Ти одсекогаш си била голем борец, па и оваа борба ќе ја добиеш. Сите сме со тебе. Бори се девојко!
Поранешната репрезентативка Дана Филиповска упати порака со желба за што побрзо заздравување, а Клара Боева со порака: Господ нека е со тебе Робе!
Ракометарките ги менуваат насловните фотографии, поставувајќи заеднички фотографии од репрезентацијата. Билјана Црвенковска, Мирјета Бајрамовска, Тања Андрејева се едни од нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.








