| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарите со пораки до Мечевска: Секогаш си била голем борец, ќе ја добиеш и оваа битка

robertina mecevskaМакедонските спортисти веруваат дека нивната колешка Робертина Мечевска ќе ја добие битката. Откако македонската ракометна репрезентативка беше пронајдена пред влезот на зградата во која живеела во скопската населба Аеродром, падната од петиот кат, лекарите се борат за нејзиниот живот. Робертина е оперирана, но сѐ уште во животна опасност. Нејзините колеги оставаат пораки на социјалните мрежи:

mirkul

Нејзината некогашна колешка од репрезентацијата, Наташа Коцевска, напиша: Издржи Мече! Ти одсекогаш си била голем борец, па и оваа борба ќе ја добиеш. Сите сме со тебе. Бори се девојко!

Поранешната репрезентативка Дана Филиповска упати порака со желба за што побрзо заздравување, а Клара Боева со порака: Господ нека е со тебе Робе!

Ракометарките ги менуваат насловните фотографии, поставувајќи заеднички фотографии од репрезентацијата. Билјана Црвенковска, Мирјета Бајрамовска, Тања Андрејева се едни од нив.

bilja

bilja
lina-trenoska-kometal-mecevska

zorica-despodovska-status

dushica-gjorgjievska-1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top