Состојбата на капитенот на женската ракометна репрезентација Робертина Мечевска, се подобрила и членот на ЖРК Вардар е во стабилна состојба и не е повеќе животозагрожувачка. Ова за „Утрински весник“ го изјави еден од раководителите на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) д-р Сашо Поповски.
– Мечевска, која пред две недели падна од петти кат во скопската населба Аеродром, беше вклучена на апарати за дишење, поради набиениот граден кош и белите дробови, откако и беа извршени итни операции по несреќата. Сега, состојбата на Мечевска е стабилна, таа е свесна, будна и може самостојно да дише.
– Се наоѓа во стабилна состојба, не е животно загрозена, во петок се планира хируршка интервенција, да се интервенира на лумбалниот дел од ’рбетот. Извадена е од респиратор, од машина за дишење, дише спонтано, свесна е, будна, без невролошки испади.Работите засега одат кон подобро, но секогаш треба да се има предвид дека може да се случи некое изненадување – изјавил д-р Сашо Поповски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун