Поранешната капитенка на македонската женска ракометна репрезентација, Робертина Мечевска стапи во брак во своето момче, Димитар Стојанов.
Среќната вест ракометарката ја објави на социјалните мрежи.
-Ти благодарам Господи што толку многу ме сакаш и дозволи да го дочекам овој прекрасен момент да ме запроси мојата најискрена љубов, пред мојот духовен татко, браќата и сестрите од Бигорската обител и голем број на верници пред иконата на Св.Кирил и Методиј во чест на овој голем празник…Бог со сите нас, напиша Мечевска на Фејсбук на 24 мај годинава, кога Димитар ја побара за жена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.